Sto e toa vo lugeto tazno Lyrics
ЦРЕША
И ден денес ко сонлива песна,
ќе долета мирисот на цреша
кога пролет ќе расцути вполе
една цреша што мене ме чека.
Кога морав да одам, им реков:
се што имам и куќа и нива,
нека земе што му треба секој
но црешата да ја најдам жива.
Што е тоа во луѓето тажно
што живеат животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно и без да се срами.
Само ветер гласот го слушна
и ко ехо се врати пак в душа
песна убава не сака баш секој
и на славеј камен фрла некој.
Што е тоа во луѓето тажно
што живеат животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно и без да се срами.
Не е небо ова што Ви нудат
не е сонцето злато што свети
ако може би го продале бога
на нив само еден ќе им суди.
Што е тоа во луѓето тажно.
што живеат животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно и без да се срами
See also:
JustSomeLyrics
62
62.73
Los Limones Azules Lyrics
Mason Jennings Fourteen Pictures Lyrics