Владо Јаневски Што и да е ќе помине Lyrics
Малечок бев и уште не знаев
дека плачат и возрасни
одеднаш, глеј, врз мојот хартиен змеј
капнаа солзи на мајка ми
Восочни лица, оловна тишина
и прекриени огледала
невени парен број
донесе стариот мој
и тивко шепна: „Најмила"
Не ти е лесно, знам,
мислиш светот се распаднал.
Секое лошо за добро е
што и да е, ќе помине
Стоиме вљубени јас и ти
крај оној јануарски воз
и желба во очи твои маслинести
до Мостар да направиш мост
Околу нас пијани гласови пеат
„Ој машино" стоти пат
место заклетва ти реков зборови
штом појдам да останат
И не ти е лесно, знам,
мислиш светот се распаднал
а секое лошо за добро е
што и да е, ќе помине
Нашата љубов уште живее
има име и ангелски лик
збунето стои на прагот на стварноста
со своите розови кошмари
Твоето срце како лавица
над неа бдее и ноќи и дни
место приспивна, со стара вистина
и бришеш први солзи љубовни
Не ти е лесно, знам,
мислиш светот се распаднал.
Секое лошо за добро е
што и да е, ќе помине
Болката не значи
да се предадеш
затоа не плачи
ме имаш мене и гушни ме
што и да е, ќе помине
See also:
JustSomeLyrics
69
69.113
pedro fernadez vamos a platicar Lyrics
U2 U2 - Rattle And Hum - 17 - All I want is you Lyrics