Fance ojde vo Kalisca Lyrics
Фанче ојде во Калишта
во Калишча на панаѓур. [2х]
Таму место не ми најде,
се почуди што да чинит,
ноќе беше кај да одит.
Ми кандиса под скалата,
под скалата, в' одајчето
в' одајчето, зад ајчето.
Што му рече на Димитрија:
ај Димитри, кир Димитри,
ај да ојме на визита,
на визита у кир Коста,
у кир Коста од Белета.
Таму имат чалгаџии,
тамо свирит Караѓуле,
Караѓуле со тајфата.
Свири, свири Караѓуле,
да поиграт кира Фанче,
кира Фанче едно чамче
едно чамче елбасанче.
Фанче ми се наљутило,
не го знаит пусто чамче,
не го знает шчуро чамче.
Што му рече на Караѓуле:
свири, свири Караѓуле,
дан' ти го земам кемането,
дан' ти го фрлам во езеро
да го јадат и рибите
и рибите летниците.
See also:
JustSomeLyrics
76
76.66
Metallica 06 - Harvester Of Sorrow Lyrics
Jose Feliciano La carcel de Sin Sing Lyrics