Врчак и Тамара Поп Перо Lyrics
Деца бевме јас и Перо, само слушнав тиииит
поп го згази со мерцедес, џип
каков трик, попот кажа Божји чеда
бегајте од тука за да никој не ве гледа
Перо вели сега втор живот живеам, знај
не верувам во рај, но ќе станам поп крај
на запад тргна Перо и ни кажа бај бај
реши да го пројде таму животот во сјај
Перо стварно стана поп стварно животот го вер
од клошар тука Перо таму стана милионер
ѕвер за жени е, се прави салата
и од попската плата он си изградил палата
Решив таму јас да идам, малце него да го видам
што да видам кај да идам, можам цар тука да бидам
Перо ти си станал Корлеоне мој брат
он ми вели ајде брате бирај кола за во град.
Раце мои земи ме ти
и голем дијамантски прстен стави ми
кажи ми ги твоите најлуди сни
бакни ме и се што сакаш ти ќе се исполни
Искачам во град како волкот стар,
ферарито паркирано на сред булевар
влегувам во ноќен бар ме гледат како цар,
се ми мириса на шампањ, секси кавијар
Оф ја и ти мене горе местото ме чека
мојот бодигард рипа да се степа само пека
тука рипа конобар кристалче ми сипа
а од жени покрај мене ми се плаче ми се липа.
Една седна до мене одма почна да ме пипа
друга од позади дојде и почна да ме штипа
трета лета од страна вели јас сум твоја мама
а четвртата беше драма, она
сама сети се околу неа следи
покрај неа се се реди сите други ми се бледи
она вреди да ја лажам и да се трудам
и се нудам па се чудам
ладно кажа само па и можам да се вљубам
Раце мои земи ме ти
и голем дијамантски прстен стави ми
кажи ми ги твоите најлуди сни
бакни ме и се што сакаш ти ќе се исполни
Да сум млад бизнисмен со животна цел
да правам милион евра дневно
дур си лежам на бел
песок на плажата пред мојот хотел
две девојки ме лазат, јас си пијам коктел
во овој џет сет свет ти ќе дојдеш на ред
мојот приватен чет на тебе чека за лет
Сакаш да се бањаме во млеко и мед
кажи што ќе кажеш јас ќе бројам до пет
вели дај тргни се, вози, сакам постела од рози
ладен кристал, зилен чаша бели линии во тоси
ќе ти покажам во кревет незамисливи пози
па истурај ги на мене јако твоите нервози
и за тебе јас сум створена но не баш туку така
ништо не правиш со мене, сакам прстен на рака
мене јака превара ми светна од мака
му се јавувам на Перо да ме спаси знам ќе сака
Раце мои земи ме ти
и голем дијамантски прстен стави ми
кажи ми ги твоите најлуди сни
бакни ме и се што сакаш ти ќе се исполни
Ќе те чекам Перо знај на клупата трета,
на улицата крај море кајшто навечер се шета
и Перо земи ја и книгата света
и доаѓај брзо зошто времето ми лета.
Иде Перо со неговата 520ка
кај што блеска и јака женска,
искача од кола и силно вреска,
види бате Перо каква риба плеска
мене треска ме фати зашто Перо беше хај,
и од тревките негови, си варел преѓи чај
сериозна е работава, Перо мрдај
ако не ја легнам вечер ќе се фрлам под трамвај.
Брзо крај Перо дај немој не биди флај малце
бај ни за рај и за беверли хај
малце лај ни на демек Перо ко заради реда
вечер мора да е моја, а утре не ме гледа.
Раце мои земи ме ти
и голем дијамантски прстен стави ми
кажи ми ги твоите најлуди сни
бакни ме и се што сакаш ти ќе се исполни.
See also:
JustSomeLyrics
79
79.74
Kid Courageous I Want You Lyrics
The Son_Nhu Quynh_Manh Quynh_Phi Nhung Lk Cam On_Xuan Nay Con Khong Ve Lyrics