Tose Proeski Tose Proeski - Naj,naj Lyrics

Чекорев по нејна улица како блажен месечар
и со стапки среќата ја мерев
Мислата ми годеше, колку ли уживаше
мојта драга синоќа со мене

Есенските дождови наполниле олуци
се е влажно, а во душа гори
Колку среќа небеска во крвта моја балканска
таква среќа дури страв ми створи

Рефрен:
Дај, дај ми свои усни да ги qубам
Нај, нај, се до зори злато мое
Рај, рај е покрај тебе штом те сакам
Знај, знај, се ми годи безмерно

Дај, дај ми свои крила јас да летнам
Нај, нај, се до зори злато мое
Рај, рај, во твојте очи yвезди бројам
Крај, крај не ќе дојде никогаш

Застанав пред твојта капија срцето да го напијам
да се смири трепетна рака
Врз неа заспала свила разлеана
дали знае колку ја сакам

В постела гушнати излишни се зборови
затварам очи, сонувам во боја
Кога ја допирам и се краде воздиска
сиот свет запира

Рефрен:
Дај, дај ми свои усни да ги qубам
Нај, нај, се до зори злато мое
Рај, рај е покрај тебе штом те сакам
Знај, знај, се ми годи безмерно

Дај, дај ми свои крила јас да летнам
Нај, нај, се до зори злато мое
Рај, рај, во твојте очи yвезди бројам
Крај, крај не ќе дојде никогаш

See also:

81
81.104
001. all for love--sting,adams,stewart--THREE MUSKETERS Lyrics
Maybee 미치도록 Lyrics