Lesen Udar Safirski Prsten Lyrics

Tekst:
Игор а.к.а.(alsow known as) MC' Љубов:

Еј мало дете погледни прстен што најдов во барата
Насмевки,розе вино надвор плаче гитарата

Лисја треперат за дете променет е дворецот
Плени со магичност...отвори го прозорецот

Пламени очи молчи,пишува ветерот кружен
Царува на пријател и оној ветер јужен

Тежнее за љубов моли вистина нерамномерна
Мисли непресушливи,тежи љубов неизмерна

Падни листу есенски каде што одат моите зборови
Крени глава жална врбо ќе те ислушам проговори

Согори тајни мисли ветувам нема да те скратам
Ветерот е заклатва дека ќе пробам да те сватам

Звезда падна...на место каде бои се сините
Полна месечина...седам сам покрај шините

Тивко ветерот ме обвива а звезди се колоните
Врати минато во возот ги оживеа вагоните

Луѓе собрани..сликата е така сива
Марамчиња за збогум звук на локомотива

Бриши солзи минато,зошто утре е нов ден
Стегната рака отвори на дланка сафирски прстен.

Рефрен: Ива x2
Мирис на есен,ветрот ме води,пред мене суви лисја
Кејот е празен,ко шило боди,јас повторно сум иста,
Само...ми фалат тие очи.

Мартин:
Звезда падна во алеа плени очи кои што молат
Шири допир преку зраци иако зраците тонат

Една желба...пресуди да ни се вклопат стапките
Извика те молам и се изгасна зад карпите

Остана точка црвена избледе дур по една вечер
Вечерта желба во рацете а сега само пепел

Ветерот во одразот со насмевка и поглед ладен
Гневот спроти небото од звезда имам само камен

Пламен пак во погледот ја скроти звездата во летот
Буди гневот веќе жали зошто овенет е цветот

Очи склопи смисли желба зема еден лист на дланка
Еден миг од време украде го затвори во рамка

Мамка беше каменот од небо подарок за надеж
И во најтешко насмевни се обиди се да станеш

Нека биде само белег...учи се од грешки
Дека бараш знам...но дали има звезди денски

Прати порака да кружи вечно по кањоните
Се одјави со ехото во бескрај со зборовите:

Од погледот се чита се,но читај меѓу редови
Звездите не згаснуваат од Сатурн беа делови.

Рефрен: Ива x2
Мирис на есен,ветрот ме води,пред мене суви лисја
Кејот е празен,ко шило боди,јас повторно сум иста,
Само...ми фалат тие очи.

Есен е...прстен од сафири...

О тие очи јас да ги видам те молам Боже дај ми крила
ми дари син цвет и тивко шепна,за тебе моја мила

О тие очи јас да ги допрам,барем еднаш дур сум жива
Да дарам нектар и да речам во минато сум била

Јас...за тој прстен од сафири...

See also:

82
82.26
Michael Learns To Rock Breakin My Heart Lyrics
Deborah Cox House Is Not A Home Lyrics