Тоше Проески Излажи ме уште еднаш Lyrics

Среде овој асфалт жежок
беше моја дива јагода.
Зборот збогум збор е тежок
кога некој силно засакаш.
Се преправам, а знам зошто
од мене за миг се откажа.

Ноќва пијам црно вино
и од твоите очи поцрно.
Не би сакал да те сонам,
а те сонам уште почесто.
Се претворив во твојот шепот,
од усни тешко ќе ме избркаш.

Излажи ме уште еднаш,
кажи дека не ми требаш,
да не бидам твое минато.
Заведи ме уште еднаш,
кога веќе срце немаш
и каменот ми е потопол од него.

Стојам сам на асфалт жежок,
нема веќе диви јагоди.
Зборот болка збор е тежок,
потежок од сите навики.
Те познавам по твојот парфем
што толку често јас го мирисав.

Излажи ме уште еднаш,
кажи дека не ми требаш,
да не бидам твое минато.
Заведи ме уште еднаш,
кога веќе срце немаш
и каменот ми е потопол.

Дај бар излажи ме уште еднаш,
кажи дека не ми требаш,
да не бидам твое минато.
Заведи ме уште еднаш,
кога веќе срце немаш
и каменот ми е потопол од него.

See also:

9
9.101
Lords of the Underground Chief Rocka Lyrics
50 Cent Funeral Music (Camron Diss) Lyrics