Elvir Mekic Zosto e kraj Lyrics
Ангел чувар ти бев,
стално спремен за грев
штом си ти во прашање.
Десна рака за сè
твое рамо за плачење!
Сè што посакаш ти
сè што впериш со прст
морав да ти подарам
макар и да треба да го украдам!
Па тогаш зошто е крај кажи ми?
Зошто на дно ме испрати?
И еве ме тука сосем сам,
а каде си ти?
Зошто е крај кажи ми?
Зошто на дно ме испрати?
И боли што јас те сонувам,
а туѓа си!
Мислев срцево јас
силно камен ми е
но ти го скрши дел по дел.
Кој те навредил тој
веднаш станал мој непријател
Сè што посакаш ти
сè што впериш со прст
морав да ти подарам
макар и да треба да го украдам
Па тогаш зошто е крај кажи ми?
Зошто на дно ме испрати?
И еве ме тука сосем сам,
а каде си ти?
Зошто е крај кажи ми?
Зошто на дно ме испрати?
И боли што јас те сонувам,
а туѓа си!
Наивно верував дека кон врвот ти
ме водиш сигурно.
А не ни сонував
дека сум патувал кон дно.
Можеби не сум бил
некој од твоите сни
и не сум ништо посебно,
но барем знаев да те сакам искрено!
See also:
JustSomeLyrics
89
89.30
15. AL CORLEY Square Rooms (Long Version) Lyrics
Relient K Relient K--Give Until There's Nothing Left Lyrics