Архангел Љубов или омраза Lyrics
Долго, долго,
гледам во тоа лице
се трудам да не мислам
колку е убава,
колку е прекрасна
морам да го скротам стравот
знам
колку тоа може
да ме промени
Долго, долго
зборувам
сакам да те трогнам
да видам бар
една солза
залудно
ти се смееш
ти си радосна
и воопшто не ги следиш моите зборови
ти си толку далеку
од мене
Треперам од возбуда
сиот треперам од страст
дал е тоа љубов
или сум полн со омраза
омраза
Ако останам
зар ќе можам да те задржам
ако одам
зар ќе можам да те преболам
да те заборавам
ќе се вратиш како спомен
ќе се вратиш како нож
See also:
JustSomeLyrics
91
91.46
Fito & Fitipaldis 07. Quiero ser una estrella Lyrics
LUZBEL 07 - Advertencia Lyrics