Елвир Мекиќ Уште те има Lyrics

Под лицево што ми е стално насмеано
вешто сокривам јас едно друго расплакано
тоа лице без сјај ретко јас го откривам
само кога сум сам и за тебе штом заплачам.

Уште те има во секој мој здив
во ова срце од сите те скрив
уште се плашам да признаам
дека и утре ќе се разбудам сам.

Уште во мојот дом стално стои отклучено
ако наминеш ти само влези си слободно
уште твојата страна стои празна од креветот
таму плачам за нас кога лут сум на животот.

Уште те има во секој мој здив
во ова срце од сите те скрив
уште се плашам да признаам
дека и утре ќе се разбудам сам.

Уште те има во секој мој здив
во ова срце од сите те скрив
уште се плашам да признаам
дека и утре ќе се разбудам сам.

See also:

92
92.6
Locust Leaves Wish House Lyrics
PRIMIZIA Compra o alquiler Lyrics