Anastasija Premin Lyrics
Стојам, да не би достојал, пред не знам чија врата. И пак проверувам, буден сум ил сонувам, созерцувам или прелестувам, кој ѓавол ќе го знае... И барам знак, траги од страдање, дали е ова земјата по која тој некогаш одеше. Навистина ли го убија, оној што ги избра, што ги изведе низ пустина, о, Боже. Зошто стојам скаменет и немам таква сила? Не верувам ли доволно или неточно сум сфатил? Од каде тие сомнежи, од каде тој страв? Дали ќе ми отвори, дали ќе ме прими внатре? И оној од кого сум нема да дозволи, оној што ме возљуби, нема да ме остави сам среде шума густа од раце што ме грабаат. о Боже, Господи, слава тебје... Како кедар разгранат, како киприс издигнат. Како палма в градина, калинка во Гадеса. Како смирна мирисав, трендафил во Иерихон. Како сјајна маслина покрај сини мориња. Како мермер-планина среде поле вкотвена. Како крепост тврдина, од Тебе закрилена. Како гласој пророчки, химни светоотечки. Да викнам од глубини, да запеам в пустини. Како камен низ гора в понор да се стркалам. Како поток планински кон Тебе да побрзам. Кон Тебе да поитам Слава да Ти принесам.
See also:
JustSomeLyrics
94
94.64
Himesh Reshammiya @ Mp3HunGama.com Aap Ki Khatir (Mp3HunGama) Lyrics
Paralamas do Sucessos Uns Dias Lyrics