Arhangel Noz Lyrics

НОЖ

Те помнам
нежно стопало
на асфалт што гребе
и прави лузни
ниту курва
ниту светица
жена без мејк-ап
Се помнам себе
свиреп и глуп
крај тебе гладна
за прегратка
за човек
крај кого спиеш
крај кого се будиш
кој го љубиш
кому припаѓаш

Прости ми
што неможев
да сфатам
колку сум осамен
меѓу сите
тие безвредни луѓе
никому потребни
Прости ми
што не сфатив колку
беше сама
крај мене
ти без човек
кому ќе дадеш
сe што девојка
може да даде
некому
Дали си среќна
или си сама
со својот бол бол бол бол
Дали сум крвник
или сум жртва
на својот нож нож нож нож

Секоја ноќ
мојата бремена совест
раѓа вампир
и го гризе
ова срце
свирепо срце
Секоја ноќ
ми доаѓаш во сон
ко ангел
сe уште сама
и без човек
крај кого спиеш
крај кого се будиш
кој го љубиш
кому припаѓаш

Дали си среќна
или си сама
со својот бол бол бол бол
Дали сум крвник
или сум жртва
на својот нож нож нож нож.

See also:

95
95.34
SEJO KALAC I STOJA Tika Tak Lyrics
Ramón Ayala No porque seas tú Lyrics