Arhangel Radost Lyrics

РАДОСТ

Ти, ти си ко дете
под себе
ти не чувствуваш тло
правам обид
да те следам
правам обид
и се вљубувам повторно
О, не
немам сомнежи
ти си среќна
и зрачиш со радост
сиот отров
што се собрал
еве пуштам
да истече од мене
Не е важно
колку ќе трае
Ги примам
сите твои течности и мириси
ја примам сета твоја радост
Немам сомнежи
во овој миг
не ми е важно
дали е стварно
не е важно
дали ќе трае

See also:

95
95.34
J-Tull The Dog-Ear Years Lyrics
Kim Wilde I Believe in You Lyrics