Arhangel Covek bez ime i prezime Lyrics
Човек без име и презиме
Погледнав зад себе, таму нема ништо мое.
Немам веќе дом и немам кому да се вратам.
Погледнав пред себе, видов океан од солзи,
морав, морав да заборавам.
После сите овие години
се будиш во свет кој нема минато,
свет кој нема иднина.
Ти си човек кој ќе згасне
со еден палав трепет на срцето
Ти си човек без име и презиме.
Ти си човек без име.
Морам да си одам, веќе предолго сум овде.
Негде далеку, што подалеку од тебе.
Негде далеку, што подалеку од себе,
зашто морам, морам да заборавам.
После сиве овие години се будиш
во свет кој нема минато, свет кој нема иднина.
Ти си човек кој ќе згасне
со еден палав трепет на срцето
Ти си човек без име и презиме.
See also:
JustSomeLyrics
95
95.34
The Worst Pies in London Sweeney todd Lyrics
dale lo que pide Lyrics