Елвир и Маја Опасно Lyrics

Штом те видов срцево во место закочи
како ми се смееш тоа ќе ме докрајчи
што ти требаше да ми застанеш
како ангел пред очи

Немој некој да не чуе што зборуваме
имам долга врска многу си се сакаме
а баш си сладок ти и срце не ми дава
јас да ти кажам не

Опасно е да сме заедно
па уште насамо јас и ти
не би било паметно
Опасно е да сме заедно
па уште насамо знаеш ли
строго е забрането

Кога ќе ми пратиш поглед тогаш знаеш ли
срцево го барам некаде во петици
но ќе бидам твој, врзи ме за себе
со златни лисици
дечко ми ме чека од овде на минута
а уште сум со тебе си ја барам белјата
што ме тера да сакам да сум твоја
до крај на вечноста

Опасно е да сме заедно
па уште насамо јас и ти
не би било паметно
Опасно е да сме заедно
па уште насамо знаеш ли
строго е забрането

Еј побарај ме понекогаш
кога сите спијат
да не дознае никој што
нашите срца кријат

Опасно е да сме заедно
па уште насамо јас и ти
не би било паметно
Опасно е да сме заедно
па уште насамо знаеш ли
строго е забрането

See also:

98
98.17
Okiayu Ryoutarou, Minagawa Junko Hikari no Saki Lyrics
Guess Who, The Sour Suite Lyrics