Тамара, Врчак и Гаџа Во име на љубовта Lyrics
Како маѓепсан буден те сонувам
полуден сам, а не те ни знам
како господар сам во ноќта цар
кон тебе месечарам
а над мене блеснала целата вселена
јас паѓам на колена во име на љубовта
Сама во себе заробена
без тебе секоја секунда убива полека
а јас не знам каде си
во ѕвездена прегратка градот твој заспива
а јас сум некаде сама во ноќта изгубена
чекам да ме спасиш ти
знам баш како ти е сам
во ноќта кога, секоја секунда, убива полека
знам баш како ти е сам
во ноќта кога паѓаш на колена
во име на љубовта
Како маѓепсан буден те сонувам
полуден сам, а не те ни знам
како господар сам во ноќта цар
кон тебе месечарам
а над мене блеснала целата вселена
јас паѓам на колена во име на љубовта
Како по вода да чекорам
во мисли тонам кон тебе
и пак да те сонувам
но ноќва ќе те пронајдам
Знам баш како ти е сам
во ноќта кога
секоја секунда, убива, полека
знам баш како ти е сам
во ноќта кога паѓаш на колена
во име на љубовта
See also:
JustSomeLyrics
98
98.18
EVERLASTING HOW DO I Live Lyrics
Simofes 2008 el wahida ili ana habitha Lyrics