Врчак Далеку некаде Lyrics

Далеку некаде го слушам твојот глас
далеку некаде си ти (оооооооо)
чувствувам не можам понатаму јас
да те бакнувам и прегрнувам

Изгубен во мисли, длабоко потонат и стар
и со свеќата во рака само солзиве ги осеќам
и сликата твоја која трепери во мракот
на мермерот осветлена од кандилото на прагот
а и пламенот од свеќата го гледа твојот лик
се се случи толку брзо, тоа беше само миг
сеуште не ми се верува дека повеќе те нема.
О Боже само зошто од раце ми ја зема
кога премногу сакав покрај мене да биде
беше полна со живот а скоро ништо не виде
како само нема во мене некоја моќ
да ја вратам барем еднаш онаа последна ноќ
кога најмногу јас ја пронајдов во себе
а се гледаше во неа како нешто да вене
очи во очи, потонати во себе и твоите последни зборови
Те сакам само тебе!

Далеку некаде го слушам твојот глас
далеку некаде си ти (оооооооо)
чувствувам не можам понатаму јас
да те бакнувам и прегрнувам

Болката во мене најдобар другар ми е знам
повеќе ништо не чувствувам барам начин да те пронајдам
патувам тивко, низ времето се губам
со надежта барем еднаш да те допрам
само на старите спомени и на тебе се враќам
дека не можам да променам ништо почнувам да сфаќам
чекам времето да ми помогне за тебе
да се навикнам на животот да закаснам во себе
зошто срцево мое само за тебе се моли
а тебе вечно те нема, о Боже колку боли
кога ништо не вреди и остануваш сам
како само се чувствувам јас најдобро знам

Далеку некаде го слушам твојот глас
далеку некаде си ти (оооооооо)
чувствувам не можам понатаму јас
да те бакнувам и прегрнувам

Некогаш во ноќта го гледам твојот лик
како трепери на работ од моите соништа
кои повторно ме враќаат под твојот прозорец
како некогаш со тебе.

Далеку си, далеку некаде во мисливе си ти
далеку си далеку некаде го гледам твојот лик
не можам јас, не можам повеќе да издржам ни миг
не, не не можам да заспијам јас патувам, патувам

Една година помина откога тебе те нема
само по некогаш те обзема чувството дека
сеуште си тука и до тебе јас стојам, но тебе те нема
а јас денови бројам и не знам ни сам
само како ќе те преболам, но знам дека
ниедна ноќ не, не не можам јас да заспијам
не можам повеќе сам да живеам знам.

See also:

104
104.1
Maldita Sea La Primera Vez Lyrics
Metallica & Apocalyptica Nothing else matters (live) Lyrics