TB Traceri Frizer Lyrics

Колку сум среќен што ќе одам на фризер
ќе го облечам моето розово палто
оние фраерски сомот пантолони
пукам од среќа и правам салто.

Излегувам надвор и сите ме мерка'т
се качувам во црниот мини морис
сељаци се лутат зошто не ги возам
од мене сакаат само корист.

Дуќанот полн со никакви жени
нервозно се бутка'т чекајќи на ред
а фризерот пријател ми, добар човек
ги смирува со гласче благо како мед.

Глупави женишта, му шепнувам на уво
ми намигнува и веднаш добивам место,
пријатели сме добри а и знае дека
Џорџ не му доаѓа така често

И кога неговите уметнички прсти
ќе ја допрат мојата прекрасна глава
оние квачки љубоморно се мрштат
а од устата им избива ужарена лава.

Колку сум среќен што ќе одам на фризер...

See also:

104
104.120
13 Pasos FiebreConsumista Lyrics
chumbawhumba Lyrics