Mizar Армакедон Lyrics

(The Battle of) АРМАКЕДОН

Со тимпани и труби, торжества,
го дочекаа младиот цар:
на постела од свила безбожно дете,
на новата правда син.

Среде ноќ волците вијат
низ празни булевари со подземен крик.
По кожа ми врват морници ладни,
в глава ми удира гонг.

Од Исток до Запад,
од Тибет до Урал:
A terrible beauty is born!

Над главава ми фрштат жешки јазици,
од водата се ведат гнасни ѕверови.
Го држам силно в рака крстот железен
со верба дека сè уште сум со тебе.

Лажен сум бард на бродот наречен пропаст,
поморец без очи и без глас.
Изгубен сум син на стравот од вода и од пламен,
со глава нурната в длабок вир.

Господи од верба венец исплети ми,
над мојава глава пред напукнат ѕид.

Смрт од вода, страв од потоп,
изградете кораб, изградете мост
и бидете спремни на жестока љубов
како на Оној, распнатиот на крст!

Еве доаѓам по нив,
нема да одминам никого.
В рака носам огнен жиг,
посилен од нивното мастило.
Еве ме пак и пак,
немам страв но носам страшна пресуда.
Ти носам радосна вест:
твојта крв е нивна слобода!

Над главава ми летаат бесни змејови,
од очиве ми искрат молњи пламени.
Замавнувам со мечот косам пред себе,
Господи, ти си моето силно оружје!

Зад мене летаат сили и престоли,
бегајте гнасни ѕверој, змии, гуштери!
Одвнатре бликнува Твојата светлина:
ќе ги погубиме со убавина!

See also:

113
113.7
Ilse DeLange @ 4UOnly.biz The Great Escape Lyrics
Talina Tu me manques Lyrics