Врчак Манастирски сон Lyrics

Ако има Божја сила, Боже кажи кај се скрила
Ако има Божја сила, ако има Божја сила Боже, прости и за се.
Веќе трето лето бдеам, молитви за неа пеам,
се трудам да си најдам мир, ќе побегнам во манастир.

Мислев дека се ќе помине, мислев дека се ќе сопре, се ќе застане,
повеќе не можам да гледам како зад мене минува време,
кое носи невреме и не тера да се молиме, за секој зошто боли кога
мислиме на некој што го сакаме, се трудев јас да не мислам на се
што се случува длабоко во мене и ме потсеќа на тебе.
Кога дождот пак ке сопре, кога ветрот ќе ме допре тогаш можеби јас
ќе, заборавам на се но до тогаш секој ден, се ќе биде моја казна
секој допир своја сказна, секој бакнеж своја приказна
Ако треба слеп да бидам и без очи да ќе видам ако треба слеп да бидам,
нека бидам, зoшто стари слики очи палат немам солзи да те жалам
се трудам да си најдам мир, ќе побегнам во манастир.

Ветрот доаѓа, те зема
ноќта проаѓа, те нема
мили Боже прости ми

Ноќва ровја пијат, душа ријат, дождој лијат,
да ги скријат сите солзи, некои души што ги пијат
по моја вина денот мина, без виделина
и сета сина светлина во темнина премина
темјанот низ молкот шара, тајни двери душа бара
трепка древно, кандило поставено за се што било
мило и немило од нашето минато засекогаш поминато.
Го слушам митот ноќва како повторно се гласи
сонот чекам да ме спаси, сонот секогаш ме краси со нова надеж, малку среќа, малку среќа,
во нашата несреќа , мене ми е потребна
Нова зора петли будат, ќе ме излудат
трета есен дуњи зреат, тажна песна очи пејат
се трудам да си најдам мир окован во манастир,
окован во манастир.

Ветрот доаѓа, те зема
ноќта проаѓа, те нема
мили Боже прости ми

Ако има Божја сила, Боже кажи кај се скрила
Ако има Божја сила, ако има Божја сила Боже, прости и за се.
Веќе трето лето бдеам, молитви за неа пеам,
се трудам да си најдам мир окован во манастир.

By:KvAzI

See also:

21
21.10
Embajada Boliviana Voy a mi doctor Lyrics
Netinho Garotas Do Brasil Lyrics