Тоше Проески Јас не сум виновен Lyrics

Често мојот поглед лета
Преку туѓи рамена до тебе
Нога преку нога седиш
И не погледнуваш во мене

Илјада лица и ти
Сонце во ноќ меѓу нив

Бегајќи цел живот ко за инат
Се ме навраќа на тебе
Јас сум само патник кој што
Нема ништо свое освен себе

Можам да прифатам се
Толку сум слаб на тебе

Јас не сум виновен
Ти ми требаш како добар ден
И после се да сме сами под ѕвездите
На чекор од тебе никако до тебе
Јас не сум виновен што ти си ми се

Често мојот поглед лета
Преку туѓи рамена до тебе
Нога преку нога седиш
И не погледнуваш во мене

Можам да прифатам се
Толку сум слаб на тебе

Јас не сум виновен
Ти ми требаш како добар ден
И после се да сме сами под ѕвездите
На чекор од тебе никако до тебе
Јас не сум виновен што ти си ми се

Јас не сум виновен
Ти ми требаш како добар ден
И после се да сме сами под ѕвездите
На чекор од мене никако до тебе
Јас не сум виновен што ти си ми се

See also:

33
33.10
Wilde Jungs Böhse Mädchen Lyrics
Babado Novo Falando Sério Lyrics