Kaliopi Ne e lesno da zaboravis Lyrics

Не прашувај ме те молам,
нема ништо да ти зборам,
сe ќе оставам зад мене,
немам кој што да ми земе.
На секој немил спомен
заборавив без проблем,
а пред се најмногу на нас.
Од ова место, потурни ме
и дај ми да избегам одовде,
овдека нема место за мене.

И ако можеш да ми простиш
што сум сурова и одам,
што подалеку од себе
без да земам дел од тебе,
сфати дека сето ова
е само, мала ситна борба за опстанок во рај.
А,ако нема место знај,
ова нема да биде крај,
ова е почеток.

Заборави,
јас немам сила да те лажам
ниту нешто да ти кажам.
Заборави, на сe.
Заборави,
а јас само бога молам
да ми простиш сe за што ќе сторам.
А не е лесно, не, да заборавиш.

И колку пати само молев
да ме нема и се борев,
без светлина и бои
а толку сакав да се мои,
само едно имав в рака,
мојта верба многу јака,
од неа започна сe.
Ако ме сакаш верувај ми,
ако си одам, посакај ми
сe мое добро и среќен пат.

Заборави,
јас немам сила да те лажам
ниту нешто да ти кажам.
Заборави, на сe.
Заборави,
а јас само бога молам
да ми простиш сe за што ќе сторам.
А не е лесно, не, да заборавиш.

See also:

33
33.67
Nikola Sarcevic New Fool Lyrics
Javier Calamaro Mujeres y Vino Lyrics