Тоше Проески Цреша Lyrics

И ден денес ко сонлива песна
ќе долета мирис на цреша
кога пролет ќе расцути в поле
една цреша што мене ме чека
кога мора да одам им реков
се што имам и куќа и нива
нека земе што му треба секој
но црешата да ја најдам жива

Што е тоа во луѓето тажно
што живеат во животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно и без да се срами

Само ветерот гласот го слуша
ко ехо се врати пак в душа
убава песна не сака баш секој
и на славеј камен фрла некој

Што е тоа во луѓето тажно
што живеат во животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно без да се срами

Не е небо ова што ви нудат
не е сонце ко злато што свети
ако можат би го продале Бога
а на нив само еден ќе им суди

Што е тоа во луѓето тажно
што живеат во животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно и без да се срами

See also:

34
34.9
Guided By Voices Tricyclic Looper Lyrics
Lingua Takkan Habis Cintaku Lyrics