Zasekogas na svoeto Za Marija Lyrics
Не знам од кај да почнам приказнава нема почеток
Како добро писмо напишано без завршеток
Како надежта да ја нема смислата за надеж
Некој нема а со така не можеш да го вратеш
И погледнувам наоколу и нешто ми недостига
Што недостига една ведра насмевка
Која замина блиц без да се поздрави ја снема
Слушни ме сега ова на кој те асоцира
Точно така те асоцира на Марија
Личност која не знаеше за негативата
Личност со јака страна на своето ја
Личност полна со светло и надеж за светла иднина
Но тоа беше пред околу две години
Кога требаше да одбележиме осум години
Од нашето досадање во кирил и методи
Осмо оделение никој не мисли на книги
Наместо лекции полуматура е на тема
Секој трча по бутици почнува да се спрема
Ама тоа беше еден ден среда мислам
Така беше редот ја дежурен да бидам
Да го чувам клучот од вратата на школото
Зборејки со служителките да не ми биде досадно
Марија ја немав видено неколку дена
Си викам кај е но ете ја насмеана
Иде накај школото се качува по скалите
Ја отвара вратата и се поздравивме
И викам како е каснеш веке кај беше до сега
Она ми вика еве бе добро идам на штека
А ти како си д'нска нема школо не те гајле
Ја викам нема школо ама тука сум цело сабајле
И така падна смеење шеги како и секогаш
Ти си отиде на часови а јас си останав
Час-два поминаа полека додека седам
Малку време помина излаваш и пак те гледам
И викам шо ти текна да бегаш од часови
Ми викаш не бе на контрола сум ке идеме за Штип
Со татко ми ме ослободија од часови
Знаеш малко и ке прошетаме по бутици
И викам фино немај гајле ајде чао се гледаме
Се гледаме за последен пат се гледаме
Никој не очекуваше шо ке биде
Школото заврши секој по дома си отиде
Играме кошарка позади зградата
Не знам кој беше ама почна да ни кажува
Имало сообракајка на патот накај Штип
Се замислив и ми светна за Штип отиде ти
И се тешам нема шанси не може да е Марија
За прв пат у мој живот плукам на зборот вистина
Вистина, вистина, вистина, вистина
Вистина каква е таа црна вистина
Ете така си отиде една душа невина
Остави зад себе еден куп луге збунети
Еј еј шо се случи ако можеш разјасни
Објасни како и е на нејзините блиски
Другари другарки роднини родители
Одвој трошка малку време и пробај да се подсетиш
За тоа како било земи свека запали
Само тоа преостанува полни секавања
Како било некогаш во присуство на неа
А другарството не умира тука останува
Ако не беше така немаше да има песна
Посветена за тебе а во неа порака
Тоа што било вредно не се заборава
Одунатре тага а од надвор бледо лице
Тие што те знаат така и минуват дните
Не бевме сите полуматура вечер на дружење
Без тебе моментот чека господ веливте
Како викат старите најубави години
Тинејџерски навечер по кафичи и локали
Но господ не ти дозволи да го доживееш тоа
И по две години се уште не ми се верува
Остануваш во секавање таков е животот
Денеска како сјае утре почивај во мир
See also:
JustSomeLyrics
39
39.4
Jefferson Airplane Plastic Fantastic Lover [Stereo Version] Lyrics
hillsong united Hillsongs - United Live - God Is Moving Lyrics