Ѓорги Крстевски Песна за тебе Lyrics

Дали некогаш ти ќе дознаеш
колку болка јас кријам во себе
кога наутро ќе се разбудам,
а не можам да те прегрнам

Се прашувам често каде си
те чува ли сонце или облаци
ако е сонце насмевни се,
ако се облаци ти врати се

Затвори очи штом си сама
и никогаш немој да си тажна
кога е најтешко те чувам во себе
слушни јас пеам за тебе
со стихови постари од мене
но, во нив има сила, душа бескрајна
кога пеам те љубам најмила

Ако гласот мој не те допира
ќе ми остане само молитва
биди ми добро кај и да си,
а јас ќе ти пишувам стихови

Затвори очи штом си сама
и никогаш немој да си тажна
и кога е најтешко те чувам во себе
слушни јас пеам за тебе
со стихови постари од мене
но, во нив има сила, душа бескрајна
кога пеам те љубам најмила

See also:

42
42.106
Escucha Cuentale Lyrics
Tito el Bambino Flor Natural Lyrics