Горан Трајкоски / Циркус Еуропиа Касапите на аголот Lyrics

Господа дали се познаваме?
Сме се сретнале одамна.
Времето така брзо минува, 1, 2 (~~~фиуууу!)

Господа зар' ме заборавивте?
Еве видете на сликава,
Тависток деветсто и некоја,
Вие, доктор Фројд и јас.

Но ако вие заборавивте тогаш јас добро паметам,
како животот го делевте
со кафена лажичка.

Но надвор во шталата
зацвичеа свињите,
а типот со мустаќите ги претстави касапите.

Ајде да берете шарени цвеќиња
по височините на Средна Азија.
И да ги јавнете белите коњчиња,
па да засадите зелен чај во Кандахар
Па да ги прашате вашите момчиња
дали им студи во Тикрит и Карбалах.

А долу кај шталата попуштија канапите,
па типот со мустаќите
ги претстави арапите.

Господа!
Црно, бело..
Господа!
Ден, два..
Господа!
Горат села!
Рампааа!
Наплатаа!
Господа!
Се е бело..
Господа!
Паѓа снег...
Зима дојде!
Маглааа!...
Од тукааа!!!!

See also:

45
45.31
Throwing Muses Buzz Lyrics
N.O.R.E.& Nina Sky Oye Mi Canto Lyrics