Горан Трајкоски / Циркус Еуропиа Срце од злато Lyrics
Седиш така осамен на врвот,
чиниш не ќе да им
веруваш на очите.
Тие многу, а вие сте малку,
напред ќе да беше
сосема поинаку.
И никој никогаш нема да сфати
колкава ли тага носиш ти во срцето.
Луѓето-глувци чекаат да паднеш,
потоа те фрлаат гол во длабокото.
О да си ти како нив барем миг,
би се истопил сега к'о свеќа.
О да си ти таму наместо нив,
би ја пролеал својата крв.
Стоиш така скаменет од чудо
мислите те водат во славното минато.
Тие многу, а вие сте малку,
сал неколку души.
И никој никогаш нема да го сфати
она што го крие срцето на поетот.
Луѓето волци чекаат да минеш,
потоа те дават во првото длабоко.
О да си ти како нив барем миг,
би се истопил сега к'о свеќа
О да си ти таму наместо нив,
би ја дал дури и својта крв.
Стоиш на врвот со раце раширени,
очите вперени напред.
И плукаш додека вознесот тебе
те тера повторно да лажеш.
Tи стоиш додека од тебе бесот
се излева вон од контрола.
Ќе чекаш додека орките пристигнат
за да те допратат дома.
Oh You are very weary,
Though tears no longer flow;
And like a hard-boiled egg
You have a heart of gold..
See also:
JustSomeLyrics
45
45.32
Graciano Saga Vem devagar Emigrante Lyrics
Blünt Nuestra respuesta Lyrics