Архангел Владимир Lyrics
Со страст претворена во оган
го палам светиот бордел
пред мене ко гола курва
стои збунет сиот свет
Ги гледам и го следам својот инстинкт
на гениј самоубиец
мојот живот овде
ѕвезда пред колапс
фрла последен зрак светлина
Во мене вселена
мојот ум создава планети
срцево скршено
сега е комета која лета
Тоа сум јас
красен и благословен од вечноста
ве оставам во прав и заборав
во гнилежот на сите ваши
ситни пакости
разорни глупости
Јас своето на земја
не го живеев
Јас своето на земја
не го возљубив
See also:
JustSomeLyrics
45
45.56
Angelique Kidjo Wombo Lombo Lyrics
Spring Awakening I Believe Lyrics