Тоше Проески Некаде во ноќта Lyrics

Ко икона во собата ми стоиш,
те милувам со очи вљубени,
а солзите кој може да ги брои,
би долетал да можам да те спасам.

Во мислите сме толку блиску ние,
а вечерва сме толку далеку.
Дај, Господе, брзо се' да мине,
од спомени кај мене да се скриеш.

Некаде во ноќта таа писмо пишува
и во мисли со мене се љуби.
Упорно кај неа цела ноќ се јавувам,
гласот мој ко воздишка се губи.

Не заспивам и за тебе се молам,
радиото е мојот пријател,
а вестите се' повеќе ме болат,
се прашувам, зар мора да е вака?

И секогаш по дождот иде сонце,
посакувам јас средба со тебе.
Но, што можам со ова срце мое?
Да чекам и до бескрај да те сакам.

(2х)
Некаде во ноќта таа писмо пишува
и во мисли со мене се љуби.
Упорно кај неа цела ноќ се јавувам,
гласот мој ко воздишка се губи.

Секогаш по дождот иде сонце.

See also:

46
46.100
Gegenstimme Der Tag Danach Lyrics
Crvena Jabuka Nova ljubav Lyrics