Тоше Проески Има ли ден за нас Lyrics

Чекорот мој води кај што си ти,
сонлив град и кутре.
Чуваш ли ти еден куфер со сни,
малку сјај за утре?
Тропнувам пак како тогаш кај вас,
гласот твој го слушам.
Прекрасна си, гледам бездна пред нас,
мојот свет без душа.

Има ли ден за нас,
да откријам дека сум жив,
да фрлам превез од страв и страст,
да потпишам дека сум крив?
Има ли бар еден ден за нас,
да откријам дека сум жив,
да фрлам превез од страв и страст,
да потпишам дека сум крив?
Прозбори!

Вратата ноќва е сведок на се',
болката е точна.
Ниеден збор нема оган и лед,
како ли да почнам?
Чекорот мој води кај што си ти,
сонлив град и кутре.
Чуваш ли ти еден куфер со сни,
малку сјај за утре?

(2х)
Има ли ден за нас,
да откријам дека сум жив,
да фрлам превез од страв и страст,
да потпишам дека сум крив?
Има ли бар еден ден за нас,
да откријам дека сум жив,
да фрлам превез од страв и страст,
да потпишам дека сум крив?
Прозбори!

See also:

46
46.105
Cássia Eller Catedral Lyrics
Patrice Uncried (Black hole) Lyrics