Тоше Проески Ме сакаш со зборови Lyrics

Гледај ме, мракот зборува,
удира гром, душа тивко признава.
Дали се бега од вистина
и дали Господ простувa?
Ноќва сум слеп од прашања, не минува!

(2х)
Ме сакаш ти со зборови,
ама туѓа си со години.
Што сум ти, ајде сега кажи ми?!

Гледај ме, јас сум само твој,
срцево ми бара пат низ градиве,
а ти си туѓа утеха, како вино лажлива
и како море немирна, знам дојде крај.

(4х)
Ме сакаш ти со зборови,
ама туѓа си со години.
Што сум ти, ајде сега кажи ми?!

See also:

46
46.105
ASP Spiegellauge: Part II: Spiegellaugen Lyrics
Old Dirty Bastard Thirsty Lyrics