Тоше Проески Морска Ѕвездо Lyrics

Одам по патот што го сонив,
лево љубов, а десно музика.
Нема да кажам колку добив
и чија во џебот чувам слика.

Сакам да знаеш дека лажат
дека веќе сум станал горделив.
Спомен ме носи покрај плажа
и лежам на твоите гради бели.

Се колнам во песните мои,
те сакам ко првиот ден,
а лето ко лето се брои
штом есента расипе се'.

(2х)
Морска ѕвездо каде си сега
дури ветрот игра со лисја,
зошто писма ти не ми пишуваш?
Морска ѕвездо дали ме памтиш,
дали солза образ ти краси
кога име ќе ми споменат?

Сакам да знаеш дека лажат
дека веќе сум станал горделив.
Спомен ме носи покрај плажа
и лежам на твоите гради бели.

Се колнам во песните мои,
те сакам ко првиот ден,
а лето ко лето се брои
штом есента расипе се'.

(3х)
Морска ѕвездо каде си сега
дури ветрот игра со лисја,
зошто писма ти не ми пишуваш?
Морска ѕвездо дали ме памтиш,
дали солза образ ти краси
кога име ќе ми споменат?

See also:

46
46.119
Active Member με το ζερβό Lyrics
But Alive Grau Lyrics